Во однос на лидерската средба, ќе разговараме за прашања кои се во интерес од перспектива на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Нормално седнување на лидерска средба. Мене ми е жал што Македонија има неискусен премиер во моментов, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски околу барањето на средба со премиерот Димитар Ковачевски за договарање датум за предвремени парламентарни избори.
Николоски додава дека барањето е исто, но проблемот е на другата страна.
-Ќе седнеме на лидерска средба, можеби ќе се договориме за датум, можеби не. Ако се договориме ќе одиме на предвремени избори, ако не се договориме како опозиција имаме други механизми. Ќе ги договориме во рамки на партијата, преку кои што ќе добиеме предвремени избори, рече Николоски во емисијата „360“.