Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и предлог за министер за транспорт Александар Николоски вечерва потенцираше дека трите проекти на кои ќе стави акцент по преземањето на функцијата се автопатот Охрид – Кичево, експресниот пат Градско – Прилеп и браната Отиња која, како што напомена, е исклучително важна за источниот регион.
– Граѓаните очекуваат одговори на две прашања и тоа – прво експресниот пат од Градско до Прилеп којшто ја поврзува Пелагонија и Централна Македонија со остатокот од државата и тоа е нешто во кое прво ќе имам увид. Втора работа, исто врвен приоритет, е автопатот Охрид – Кичево, кој со години е застанат и не се гради. Ќе видиме зошто е тоа така и што може да се направи. И трет приоритет е изградбата на браната Отиња којашто е исклучително важна за источниот дел на Македонија, рече Николоски за вестите на Канал 5 телевизија.
Во однос на договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10Д, Николоски посочи дека смета оти овој договор треба да се објави. Во однос на содржината на договорот, појасни дека институциите соодветно ќе го разгледаат и ќе се добие договор дали дополнително може да се преговара или разговара за дополнителни делници.