Николоски: Минов гласаше против предлогот кој што сам го даде

од Nikola Popovski
228 прегледи

Политичкото опстојување на СДСМ им е сведено на тоа што ќе прави ДУИ, па еве два дена им коленичеа на прославите и концертите по повод 20 години од основање на ДУИ, оние смешни сцени па покрај Ковачевски и Заев беше таму кој што формално е повлечен. Така што тоа е уште една потврда дека Заев од позади сцена ги влече конците и тој е главен играч во СДСМ, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во емисијата Што не е јасно на телевизија Алфа.

Во однос на денешното одбивање од страна на пратениците на СДСМ да се расправа за недоличното однесување на собранискиот спикер Џафери, Николоски истакна дека претседателот на комисијата за  деловничко и мандатно имунитетни прашања Панчо Минов сам гласал против точката на дневен ред која самиот тој ја предложил, додавајќи дека истиот тој пратеник Минов нарекувајќи го Прелетачевич е познат на јавноста по брзото менување на политичките ставови по однос на една иста тема.

-Ова што го направија сабајле е најлогичната работа што може да ја направат. Има таму еден интересен парадокс а тоа е дека претседателот на комисијата вечниот Прелетачевич Панчо Минов кој што може да напише енциклопедија за политички бегства и менување на политички ставови по однос иста тема. Така што ако има енциклопедија за прелетување на македонската политичка сцена сериозно со уште еден, два лика би се борел за првото место. Е сега истиот тој претседател за деловничко и мандатно имунитетни прашања овој Прелетачевич Панчо Минов, си гласаше против предлогот кој што сам го даде. Значи сам даде предлог на дневен ред да се стави точка за испитување на работата на Талат Џафери, и сам после тоа гласаше против тоа, рече Николоски.