Николоски: Работиме на воведување прекуокеански летови

од Milan1
12 прегледи

Женева – Скопје беше линијата што ја бараше дијаспората и на нивно барање од оваа година стартуваме со редовни летови на релација Женева – Скопје. Втората значајна линија што ја воведуваме е од Париз, од аеродрoмот „Орли“ до Скопје.

Во меѓувреме работам и на воведување и прекуокеански летови и таргет е северноамериканскиот континент, истакна вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Како што соопшти Министерството за транспорт, Николоски во гостувањето на ТВ Алфа нагласи дека со промената на политиката на субвенционирање се пронајдени слабостите и, како што рече, решивме да одиме со нова политика и таа политика дава резултати бидејќи за шест месеци воведуваме девет нови дестинации.

– Од Скопје воведени се нови линии кон Барселона, Лион, Дубаи, Штутгарт и Амстердам, а од Охрид кон Базел и Истанбул, рече Николоски, додавајќи дека овој е најзначен лет за охридскиот аеродром.

Според него, авиолинијата Женева – Скопје е огромен успех.

– Голема македонска дијаспора живее во Швајцарија и во Франција. И ова многу ќе значи за нашата дијаспора, досега требаше да го користат приштинскиот аеродорм за да дојдат или да одат преку конектинг летови. И вториот лет е од Париз до Скопје, од аеродромот „Орли“ кој што е само на петнаесетина километри од популарната „Шанзелизе“ улица. Така што очекувам и многу туристи од Франција да доаѓаат во Македонија и да ја користа оваа поволност. Дополнително очекувам и други линии во наредниот период, потенцираше вицепремиерот Николоски.

Тој најави дека работи и на вовдување на прекуокеaнски летови.

– Многу работам на тоа. Toa e доста покомплицирана операција. Имајќи предвид дека се потребни посебни безбедносни протоколи, но исто така да се исплатливи тие летови треба да има и повеќе патници. Но, сум умерен оптимист дека Скопје може да стане третиот аеродром на Балканот од каде што ќе се лета прекуокеански. За Скопје и за Македонија ќе значи многу ако имаме и ние ваков лет, тоа ќе значи многу за развој на туризмот, бизисот и ќе значи и за имиџот на Македонија бидеќи ќе биде на мапата на прекуокеански летови. Го таргетираме северноамериканскиот континент, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Николоски.

Тој посочи дека во период од 10 дена пуштени се во употреба три големи инфраструктурни проекти: експресниот пат Куманово-Страцин-Крива Паланка, делницата Градско-Дреново од експресниот пат кон Прилеп и железничката пруга Куманово-Бељаковце.

– Не се сеќавам кога последно не само во Македонија, туку и во регионот се пуштиле во употреба 42 километри експресни патишта и 31 километар пруга во рок од две недели, истакна Николоски.

Слични содржини