Николоски се закани: На Ковачевски и Груби не им бегаат сериозни кривични пријави по менувањето на власта

од Nikola Popovski
159 прегледи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски се закани дека на премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот Артан Груби ќе добијат кривични пријави за менувањето на Законите за Коридорите 8 и 10д, по евентуалната промена на власта.

Тој утрово објави дел од договорот за изградба на коридорите 8 и 10д кој се однесува на измените на Законот за работни односи со кој треба да се дозволи работна недела од 60 часа.

„Откако Владата ги потврди моите наводи дека доколку не се воведе 60 часовна работна недела Македонија ќе плаќа огромни пенали или ,,дополнителни трошоци за изведба” како што ги нарекува Владата, би сакал со јавноста да го споделам документот во кој се наведени пеналите/трошоците кои ќе ги платат сите граѓани:
– минимум 53 милиони евра еднократно
– 2 165 000 евра секој месец!
Тоа што сакам денес да го обелоденам е дека согласно истиот договор Македонија ќе ги плати овие пари доколку законот за 60 часовна работна недела не се донесе во рок од 45 ДЕНА по потпишување на договорот со Бехтел и Енка! Исто така пишува дека дури и да се донесе законот после овие 45 дена сумата од 53 милиони евра ЌЕ СЕ ПЛАТИ!“, вели Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ додава дека договорот Влада – Бехтел и Енка беше потпишан на 8ми Март, а 45 дена поминуваат на 22ри Април. Според него, на 23-ти Април сите граѓани на Македонија ќе треба да платат 53 милиони евра.

-Ова не е само основ за ОСТАВКА на Ковачевски и Груби, туку и за сериозни кривични пријави, кои ако не ги добијат сега по промената на власта и формирањето на Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ не им бегаат, порача Николоски.