„Тие кои се против уставните измени и кои сакаат да печалат дневнополитички поени и не сакаат да погледнат подалеку не ѝ мислат добро на државата бидејќи се против овие пари во македонското земјоделство“ рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на трибината „ЕУ за развој на македонското земјоделство“ во Прилеп.
Тој рече дека освен што се против ЕУ и европските фондови тие не нудат ни алтернатива, кој освен ЕУ и ИПАРД ќе помогне и ќе инвестира за модернизација на македонскто земјоделство.
„Во овој момент македонските земјоделци имаат на располагање 40 милиони евра неповратни средства преку повиците. Мислам дека во еден момент толку немале ни Хрватска, ни Словенија, ни многу земји членки кои беа позади нас, но не претркаа поради нашата изолација, неодлучност и неспремност да носиме одлуки“ рече Николовски.
Министерот рече дека Северна Македонија е единствената земја од регионот која почнува да распишува повици од ИПАРД 3 програмата поради успешната реализираност на ИПАРД 2 и напорите на Владата и Министерството.