Ништо од 16 години помладиот милијардер – Наоми Кембел и понатаму сингал

од Симе Стоиков
179 прегледи

Според „Дејли мејл“, Наоми Кембел не е во емотивна врска, повикувајќи се до извор близок до манекенката.

Да потсетиме, пред неколку месеци светот беше воодушевен од веста дека Кембел (53) е во емотивна врска. Легендарниот модел од деведесеттите се поврзуваше со филмскиот продуцент Мохамед Ал Турки (37).

Наоми и Мохамед неколкупати се видени заедно во јавноста, а секогаш се држат за рака на светските настани. Нивното појавување на БАФТА наградите во Лондон предизвика шпекулации дека се во врска.

Сепак, се остана на ниво на гласини, а извор близок до Наоми демантираше се за „Дејли мејл“.

„Тоа не е романса. Сите нејзини пријатели знаат дека Ал Турки е лудо вљубена во друга манекенка. Наоми не е во врска и моментално е фокусирана на своите деца”, рекол тој.

Слични содржини