Еврозоната нема да деблокира пари за Грција пред таа да започне сите ветени реформи, рече шпанскиот министер за економија Луис де Гиндос, цитиран од Франс прес.

0000258149-article2

Ќе видиме дали листата на реформи е исполнета. Нема да има никакво плаќање пред да се направи проверка која ќе покаже дека реформите се одобрени и започнати”, изјави Гиндос во интервју за британскиот весник “Фајненшл тајмс”.
Неговата изјава е во спротивност со изјавата на грчкиот премиер Алексис Ципрас дека исплатата на европските пари ќе почне штом Грција ќе ја претстави новата листа со реформи на своите кредитори.

Интервјуто на шпанскиот министер беше објавено во “Фајненшл тајмс” пред денешната средба во Берлин на германската канцеларка Ангела Меркел и грчкиот премиер, посветена на грчкиот долг.

Во петокот Ципрас вети да ги  конкретизира побрзо намерите за реформи, за кои инсистира Берлин, а Европската комисија објави дека ќе обезбеди на Атина 2 милијарди евра за 2015 година од структурните фондови.

Грција сепак во моментов има потреба од 7,2 милијарди евра, за да ги исполни  исплатите. Предлогот за деблокирање на финансиската помош треба да биде разгледан од страна на министрите за финансии од еврозоната.

Луис де Гиндос е кандидат за наследник на Јерун Дејселблум како претседател на Еврогрупата и ја има поддршката на Ангела Меркел, забележува АФП.

Слични содржини