Њујорк Тајмс: Бајден му рекол на еден од своите сојузници дека е свесен оти можеби нема да може да ја спаси својата кандидатура

од Milan1
133 прегледи

„Њујорк тајмс“ денеска објави дека американскиот претседател Џозеф Бајден, по учеството на минатонеделната дебата со неговиот противкандидат Доналд Трамп, му рекол на еден од своите сојузници дека е свесен оти можеби нема да може да ја спаси својата кандидатура ако не успее да ја убеди јавноста во следните неколку дена дека е во можност да ја извршува претседателската функција.

Извештајот на Њујорк Тајмс го опиша сојузникот на Бајден како „клучен“, но не го именуваше.

По објавувањето на извештајот, портпаролот на Белата куќа Ендрју Бејтс се огласи на социјалните мрежи за да ја негира точноста на тврдењата, велејќи дека „тврдењето е апсолутно лажно“.

Слични содржини