„Њујорк тајмс“: Бомбата што го уби лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, беше поставена во неговата соба пред два месеци

од Milan1
117 прегледи

Бомбата што го уби Исмаил Ханије, висок лидер на Хамас, била скриена во куќата во која престојувал пред околу два месеци, изјавија за „Њујорк Тајмс“ официјални лица од Блискиот Исток. Куќата е заштитена од Корпусот на Исламската револуционерна гарда и е дел од голем комплекс во луксузен кварт во северен Техеран, пишува „Њујорк Тајмс“.

Според извештајот на весникот кој се повикува на седум функционери од Блискиот Исток, меѓу кои двајца Иранци и еден Американец, бомбата била прошверцувана во зградата на Иранската револуционерна гарда во Техеран пред два месеца.

Американскиот весник цитира официјални лица од Блискиот Исток дека израелското разузнавање ги информирало САД и другите западни влади за деталите од операцијата веднаш по нејзиното завршување.

-Некои американски официјални лица кои побараа да останат анонимни заклучија дека Израел е одговорен за убиството, пишува Њујорк Тајмс.

Ханија во вторникот пристигна во Техеран за да присуствува на инаугурацијата на новиот претседател на Иран, Масуд Пезешкијан.

Слични содржини