„Њујорк тајмс“: Украинците се повлекуваат во правец на Харков

од Milan1
308 прегледи

Украинските вооружени сили се повлекуваат пред налетот на руската војска во правец на Харков, а украинските команданти меѓусебно се обвинуваат за поразите во овој дел од бојното поле. Според воените експерти, ситуацијата е опасна за Украина, бидејќи исцрпените војници долго време се жалат на екстремниот недостиг на муниција, што е отежнат поради доцнењето на американската помош, пишува „Њујорк тајмс“.

Командантот на разузнавачката единица Денис Јарославски на Фејсбук се пожали на лошо обезбедената граница со Русија.

Според него, на првата одбранбена линија едноставно нема мински полиња, што му овозможило на непријателот слободно да влезе во сивата зона.

Според експертите, руската офанзива треба да претставува закана за Харков и да го принуди Киев да префрли војници од Донбас.

Тоа е она што се случува во моментов. Како што објаснува воениот аналитичар Франц-Стефан Гади, Русија сфатила дека главниот проблем на Украина е недостатокот на војници:

„Проредувањето на линијата на фронтот ги зголемува шансите за пробив“, смета овој аналитичар.

Слични содржини