Ноќното улично осветлување ги загрозува инсектите

од Milan1
50 прегледи

Ноќното улично осветлување може да влијае на растенијата, создавајќи продолжена фотосинтеза. Тоа предизвикува листовите да станат толку цврсти што инсектите не можат да ги јадат, што претставува закана за одржување на биолошката разновидност во урбаните екосистеми, покажуваат резултатите од истражувањата, пишува „Гардијан“.

Новата студија за овој феномен дојде откако кинеските научници забележаа дека дрвјата во урбаните екосистеми се многу помалку нападнати од инсекти кои јадат лисја отколку во руралните области.

„Забележавме дека, во споредба со природните екосистеми, лисјата на дрвјата во повеќето урбани екосистеми генерално покажуваат малку знаци на оштетување од инсекти. Бевме љубопитни зошто тоа се случува“, изјавил авторот на студијата Шуанг Џанг од Кинеската академија на науките.

Џанг истакна дека студијата покажала дека кај два од најчестите видови дрвја во Пекинг, вештачкото ноќно осветлување довело до зголемена цврстина на листовите и намалено ниво на јадливост на листовите.

Научниците исто така откриле дека дрвјата имаат поцврсти лисја кога се изложени на поголема количина на светлина и дека во областите кои се најмногу осветлени во текот на ноќта, листовите се исклучително цврсти и не покажуваат знаци дека се нападнати од инсекти.

Слични содржини