Норвешка ќе испрати тенкови во Украина

од Radmila Tasevska
128 прегледи

Норвешка има намера да испрати тенкови „Леопард 2“ во Украина „што е можно поскоро“, изјави синоќа министерот за одбрана Бјорн Арилд Грам, додавајќи дека испораката би можела да биде на крајот на март.

Властите на таа земја минатата недела објавија дека имаат намера да и достават на Украина одреден број тенкови Леопард 2, од кои 36 се во употреба во норвешката армија.

„Сè уште не го утврдивме бројот“ што ќе биде испратен во Украина, рече Арилд Грам, додавајќи дека е важно испораката да биде координирана со другите земји, бидејќи Норвешка сака тоа да биде донација.

Според него, Норвешка е посветена на што поскоро испорака, истакнувајќи дека тоа би можело да биде на крајот на март, кога и Германија најави испорака на тенкови.

Слични содржини