Норвешка е подготвена да признае палестинска држава

од Симе Стоиков
156 прегледи

Норвешка е подготвена да ја признае палестинската држава во соработка со други земји, изјави денеска норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере во присуство на неговиот шпански колега Педро Санчез, кој се залага за такво признавање.

„Норвешка е подготвена да донесе одлука за признавање на палестинската држава. Таа одлука мора да се донесе врз основа на време и контекст, во тесна соработка со истомислениците. Не одредивме конкретен датум“, изјави Стпре во Осло на заедничката прес-конференција со Санчез.

Норвешкиот парламент во ноември усвои предлог со кој се бара од владата да биде подготвена да ја признае независната палестинска држава.

Норвешка, исто така, беше домаќин на првите израелско-палестински мировни разговори на почетокот на 1990-тите, кога беше постигнат договор, но не беше спроведен, за мирен соживот меѓу двете независни држави.

Шпанскиот премиер оваа недела тргна на турнеја низ Полска, Норвешка и Ирска за да разговара за „потребата да се придвижи кон признавањето на Палестина“.

Слични содржини