Нов инцидент со „боинг“: Авион на „Јунајтед ерлајнс“ слетал без надворешен панел

Фактот дека на авионот му недостасува надворешен панел на бил откриен дури откако тој слетал.

од Бети Божиноска
241 прегледи

Авион „боинг“ на американската компанија „Јунајтед ерлајнс “ слетал вчера во Орегон без надворешен панел, пренесува „Хил“, посочувајќи дека фактот дека на авионот му недостасува надворешен панел на бил откриен дури откако тој слетал.

Летот 433 на „Јунајтед ерлајнс“ полетал од Сан Франциско со 139 патници и шест членови на екипажот и слетал на меѓународниот аеродром „Рог вали-Медфорд“ во Медфорд, јужен Орегон, но не прогласил вонредна состојба бидејќи за време на летот немало никакви индикации за оштетување.

Проверката на авионот „боинг 737-800“ покаажала дека му недостасува панел од долната страна,а компанијата соопшти дека ќе спроведе истрага за инцидентот.

„Ќе извршиме темелно испитување на авионот и ќе ги извршиме сите потребни поправки пред да биде вратен во употреба. Исто така, ќе спроведеме истрага за подобро да сфатиме како настанало ова оштетување“, велат од  „Јунајтед ерлајнс“.

Според записите на Федералната управа за авијација на САД (ФАА), авионот бил произведен кон крајот на 1998 година. Рог Вали Тајмс, локален медиум во Орегон, објави драматична фотографија од авионот без дел од облогата.

Директорката на аеродромот, Амбер Џад, изјави дека по слетувањето на авионот немало остатоци. Сообраќајот на аеродромот накратко беше во прекин.

„Нормалните операции во МФР продолжија неколку минути подоцна“, изјави Џад за The Hill.

Од „Боинг“ одбиле да го коментираат инцидентот, упатувајќи ги медиумите кон „ Јунајтед ерлајнс“  за информации за нивната флота и операции, кои се почесто наидуваат на проблеми. Па така, „боинг 737 Макс“ на „Јунајтед ерлајнс“  минатата недела слета на тревник во Хјустон, а „боинг 777-200“ изгуби гума по полетувањето од Сан Франциско во Јапонија и беше пренасочен кон Лос Анџелес каде безбедно слета.

Вчерашниот инцидент се случува два месеци откако авион „Боинг 737 Макс“ на „Алјаска ерлајнс“, изгуби панел од вратата среде лет. Тогаш Министерството за правда отвори кривична истрага за инцидентот на 5 јануари, а авиокомпанијата „Аласка ерлајнс“ги приземји сите свои авиони „боинг 737-9“.

Слични содржини