Нов ирански напад врз Израел

од Milan1
27 прегледи

Во централниот дел на Израел се огласија сирените за тревога откако Иран лансира балистички ракети. Израелските безбедносни сили (ИДФ) пет минути пред да се огласат сирените ги предупредија граѓаните да се засолнат.

Израелските власти соопштија дека во најновиот ирански напад нема повредени лица.

ИДФ наведе дека врз централен Израел истрелани се помалку од 10 проектили, од кои повеќето биле пресретнати.

Слични содржини