290
За нови израелски напади информираат бројни светки медиумит, но овојпат за соседен Либан.
Најмалку пет лица загинаа во израелски воздушен напад врз Таир Харфа и Накура во јужен Либан, јавија либанските медиуми.
Меѓу загинатите има и борци на Хезболах, изјавија безбедносни извори за Ројтерс. ИД сè уште не ги коментираше нападите.
Либанската милитантна група Хезболах денеска објави дека лансирала десетици ракети врз израелскиот пограничен град Кирјат Шмона, како одговор на израелските напади врз јужен Либан.
Израел и Хезболах разменуваат оган преку границата откако изби војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, што е најголемата ескалација од едномесечниот конфликт во 2006 година.