Нов начин на одговарање на пораките пристигнува на WhatsApp

од Milan1
298 прегледи

Минатото лето се „шушкаше“ дека WhatsApp работи на воведување реакции на пораките во форма на емотикони, слични на она што веќе имаат Instagram, Twitter, iMessage, но и конкурентна апликација за разговори Signal.

Тие гласини паднаа во заборав, се до сега кога WhatsApp им дозволи на корисниците на бета верзијата на апликацијата на Android (2.22.8.3) да одговараат на пораки со емотикони.

Имено, со долго притискање на добиената порака, корисниците можат да ја „испратат“ својата реакција во форма на едно од шесте понудени емоџи – палци нагоре, срце, плачење, смеење, шок и скрстени раце (благодарам).

Ваква реакција на пораките се очекува наскоро на iOS и на десктоп, бидејќи на почетокот на годината, корисниците на WhatsApp бета верзијата на iPhone објавија дека постои опција „Reaction Notifications“, која подоцна може да се види на десктоп апликацијата.

Слични содржини