Нов напад на ИСИС, експлозија во џамија (ВИДЕО)

од Milan1
415 прегледи

Најмалку 12 лица се повредени во друга експлозија што се случи во џамија во Авганистан, објави „Ерусалим пост“. Експлозијата одекнала во провинцијата Нангахар, а сè уште нема информации за можни жртви и штети.

Еден од очевидците изјави дека експлозијата се случила околу 13:30 часот по локално време. Според неговото сведочење, експлозивот бил поставен во џамијата неколку часа пред детонацијата.

Две силни експлозии се случија во џамии во Авганистан во минатиот месец. Во шиитската џамија во авганистанскиот град Кандахар загинаа околу 32 лица, додека повеќе од 50 беа тешко повредени при детонацијата.

Експлозијата се случила за време на петочната молитва. Снимките што се појавија на социјалните мрежи покажуваат како верниците панично бегаат по детонацијата. Талибанците ги повикаа граѓаните да даруваат крв за повредените во локалната болница. Точно седум дена претходно експлозија се случи и во џамија во провинцијата Кадуз. Во нападот загинаа најмалку 100 луѓе.

Експлозијата се случи за време на неделната молитва во петок, кога членовите на шиитското религиозно малцинство обично доаѓаат во голем број на богослужба. Светските медиуми, вклучувајќи ги „Би-Би-Си“ и „Франс прес“, објавија дека ова е војна што ИСИС ја води против талибанците.

Иако членовите на милитантната група често истакнуваат дека ИСИС е „истребена“ од Авганистан и дека сите нејзини членови ја напуштиле земјата минатиот месец, познавачите на ситуацијата се убедени дека лидерите на ИСИС користат бомбаши самоубијци за да предизвикаат поголема штета и да го поразат Талибанците.

Слични содржини