69
Три лица се повредени во напад со нож на карневал во Нотинг Хил, Лондон. Во животна опасност е 32-годишна жена, 29-годишен маж е во болница со повреди кои не се опасни по живот, а состојбата на повреден 24-годишен маж се уште не е позната.
Полицијата досега уапсила 90 лица за време на карневалот, каде што се случи нападот, од кои 18 за поседување оружје.
Нападнати биле и 15 полицајци, но никој од нив не се здобил со сериозни повреди.
Портпаролот на полицијата изјави дека на карневалот имало стотици илјади луѓе.