490
Нов вид на коронавирус е откриен во училиште во Баналек, Бретања, Франција, за кој експертите тврдат дека е мутација различна од сите познати варијанти на вирусот.
Како што велат, новиот сој се разликува од алфа, бета, делта варијантата на вирусот, пренесува францускиот портал „Телеграм“.
Досега со новиот вирус се заразени 24 лица, од кои 18 се студенти, а вирусот првпат се појави пред еден месец, пренесува Танјуг.
Како што се наведува, поради појавата на вирусот, седум од 12-те паралелки се затворени.