Бред Пит поднесе тужба за да добие пристап до приватните пораки на поранешната сопруга Анџелина Џоли
Бред Пит (61) сака пристап до пораките на поранешната партнерка Анџелина Џоли (50) пред судењето во врска со француската винарија Шато Миравал, која ја купиле заедно додека биле во врска.
Според судските документи, Бред Пит сака судот да го принуди Алексеј Олијник од групацијата Столи да ги предаде пораките што ги разменил со Анџелина Џоли и да се согласи да сведочи. Пит вели дека се обидел да го реши проблемот мирно, но без успех.
Олијник, кој живее во Швајцарија, одби да соработува, објаснувајќи дека како странец, американскиот суд не може да го принуди да патува во Калифорнија за да сведочи. Но, адвокатите на Пит тврдат дека ова не е изговор бидејќи тие сакаат тој да сведочи, од неговата земја.
Откако се разделија, Џоли го продаде својот удел во винаријата на Столи Груп, а Пит тврди дека таа го направила тоа намерно. Затоа ја тужеше во 2022 година.
Во најновите документи, Пит тврди дека токму Олијник го водел договорот во врска со купувањето на удел во винаријата, по налог на неговиот шеф Јури Шефлер од групацијата Столи, поради што го смета Олијник за важен сведок.
Судот сè уште не донел одлука за барањето. Извор близок до Пит тврди дека целата приказна не е само за Олијник, туку за целата групација Столи. Друг извор додава дека Пит бил „приморан да го направи овој потег“ затоа што Столи наводно не ги почитува правилата и ги избегнува судските процедури.
Патем, Пит и Џоли започнале врска во 2004 година, се венчале во 2014 година, а раскинале во 2016 година. Конечниот развод бил законски финализиран дури во декември 2024 година, по осум години судски битки.