Во разговор со новинарите, Песков изјави дека ова не е руска војна.
„Војната што се води не е наша војна. Дали сме способни да ја запреме оваа војна? Не, не сме. Може да ја запре само тој што ја започна. Што би требало да го направат, според нас“, изјави Песков.
Тој исто така говореше за тоа кои се интересите на Русија во моментов.
„Мора да го направиме она што е во наш интерес. Сега мора да го минимизираме влијанието на глобалните превирања кои веќе ги гледаме врз нашата економија. Веројатно би требало да си ја осигураме сопствената корист секаде каде што тоа е можно, без разлика колку тоа можеби звучи цинично“, изјави Песков.
Тој исто така нагласи дека е загрижен што бројот на држави кои учествуваат во конфликтот се зголемува.