Европската унија ќе направи нов самит со Турција за миграциската криза во почетокот на март. Ова го соопшти претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск по првиот ден на самитот на лидерите во Брисел.

бегалл

Туск најави дека земјите-членки на ЕУ потврдија пред Турција дека имаат  обврски кон Турција,  со цел решавање на проблемот со миграцијата во рамките на заедничкиот план за акција. “Нашиот план за акција е приоритетно. Должни сме да се потрудиме за неговата успешност“, истакна претседателот на Европскиот совет, цитиран од агенциите. Реализацијата на планот меѓу ЕУ и Турција за надминување на миграциската  криза останува приоритет, потврди на прес-конференција во Брисел и канцеларката на Германија Ангела Меркел. Според неа новата средба на ЕУ ќе биде во самиот почеток на март

Слични содржини