Нови детали за случајот Беливук, пронајдени се неколку места каде што се криел

од Vladimir Zorba

Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, денес изјави дека во секој град има список на криминални групи, дека има досие за секој и дека ќе има нови апсења кога станува збор за организиран криминал и висока корупција.

Вулин на РТС рече дека нема големи и мали дилери на дрога, исто како што нема лесни и тешки дроги.

– Секој што ќе најдеме со 10 грама марихуана, ќе го уапсиме. Ги апсиме оние кои продаваат десет килограми хероин, но исто така апсиме секој ден за секој пронајден грам – истакна министерот за полиција.

Кога станува збор за полициската истрага за делата на криминалната група на Вељко Беливук, Вулин рече дека има нови детали и дека на територијата на Белград се пронајдени неколку места каде членови на кланот криеле или депонирале пари.

Тој изјави дека нешто се наоѓа секој ден, дека тоа води кон нови луѓе и дека истрагата не е завршена.

– Обвинителот Ненадиќ е задоволен од квалитетот и квантитетот на доказите, но ние не застануваме – потенцираше Вулин.

Коментирајќи ги наводите во медиумите дека Радомир Звицер, водачот на „кавчанскиот клан“, се крие во Јужна Америка и дава 10 милиони евра за одмазда во Србија, Вулин рече дека Звицер е заинтересиран некои луѓе во оваа земја да не бидат живи, особено претседателот Александар Вучиќ.

Што се однесува до случајот со прислушувањето на претседателот, министерот за внатрешни работи изјави дека Вучиќ бил систематски прислушуван и дека тоа е докажано, но дека во ниту еден разговор не е пронајдено кривично дело.

– Докажано е дека највисоки службеници на МВР свесно и систематски ставаат одредени лица на мерки, со лажни објаснувања, претставувајќи ги како криминалци, знаејќи дека претседателот или некој од членовите на неговото семејство ќе разговара со нив. Ниту едно од луѓето што разговарале со претседателот Вучиќ или со кој било од членовите на неговото семејство не е осомничено, а камоли да биде обвинето, а особено не уапсено – истакна министерот.

Тој изјави дека сè е предадено на надлежниот обвинител и дека очекува апсења.

Слични содржини