Нови израелски напади врз областите околу Бејрут

од Milan1
17 прегледи

Израел рано утрово изврши нови напади врз областите околу Бејрут. Во краткото соопштение израелската армија наведе дека локациите што ги погоди му припаѓаат на Хезболах.

Експлозиите ги потресоа јужните предградија на Бејрут, а утрово многу згради беа во пламен.

Тамошните власти не соопштија дали има жртви.

Истовремено, ИДФ објави дека во воздушни напади во јужен Либан ги убила командантот на ракетната единица Хезболах, Мухамед Али Исмаил и неговиот заменик Хосеин Ахмед Исмаил.

Контактот со лидерот на шиитската група „Хезболах“ Хасан Насрала е изгубен по израелските напади врз јужните предградија на Бејрут објави Ројтерс, повикувајќи се на извор близок до групата. Блумберг пишува и дека не се знае каде се наоѓа.

Извор на Ројтерс близок до Хезболах пред неколку часа изјави дека Насрала е жив.

Иранската новинска агенција Тасним вели дека тој е на безбедно место. Групата се уште не дала изјава за неговата судбина.

Слични содржини