Нови проблеми во Ајакс, суспендиран директорот на клубот

од Симе Стоиков
196 прегледи

Се уште е бурно во Ајакс.Познатиот клуб од Амстердам сезонава не бележи добри резултати и моментално минува низ тешки времиња.

Тие беа дополнително засилени по одлуката за суспензија на извршниот директор на клубот, Алекс Крос, поради протекување информации.

По оваа одлука побараа правен совет од надзорниот одбор бидејќи се смета дека објавувањето информации не е кривично дело.

„Длабоко сме вознемирени од фактот што ова се случи во Ајакс, сето ова е многу штетно за клубот и сите оние кои го сакаат овој клуб. Потезите на Алекс Крос не се во согласност со она за што ние како клуб се залагаме.

Моментот во кој тој извршил купување на акции укажува на инсајдерски обелоденување на информации. Ваквото прекршување на законот не смее да се толерира особено кога е вклучен и извршниот директор. По внимателно разгледување на ситуацијата, Надзорниот одбор одлучи дека Алекс не може да остане на позицијата директор на Ајакс“.

Слични содржини