Нови судури помеѓу Индија и Пакистан, убиени најмалку 13 цивили

од Milan1
23 прегледи

Најмалку 13 цивили беа убиени, а 59 се ранети во пакистанските напади врз индиската страна од спорниот регион Кашмир, објави денеска индиската Влада за новиот биланс на жртви од конфликтот.

Повеќето цивили загинаа во село на северозапад, по должината на „Линијата на контрола“ што го дели спорниот регион Кашмир меѓу двете земји, соопшти Министерството за надворешни работи.

Според најновите податоци, на пакистанска страна загинале најмалку 31 лице.

Пакистан започна артилериски напади на индиска територија како одговор на нападите на индиските сили кои претходно ја нападнаа пакистанската територија како одмазда за смртоносниот напад од 22 април

Слични содржини