Името “Explorer Sport” кое веројатно ќе го добие новиот електричен SUV модел на Ford. Овој модел ќе биде првиот кој ќе биде лансиран во рамки на новиот дизајнерски и маркетинг концепт на брендот.
Ford покажа многу мал дел од моделот пред официјалната презентација која е закажана за март следната година.
Според фотографиите, може да очекуваме поригиден изглед споредено со моделите на Volkswagen кои ја користат истата платформа.
Ford склучи договор за соработка со VW Group за лиценцирање на нивната MEB платформа. Според договорот планирано е да се произведат два комплетно електрични модели, а вториот веќе е најавен од страна на Ford како “спортски кросовер”.
И двата електрични модели ќе се произведуваат во фабриката на Ford во Келн, заменувајќи го производството на Fiesta која ќе биде повлечена од производство под притисок на промена во побарувачката на купувачите, кои сѐ повеќе се ориентираат кон електричните модели.
Explorer Sport се очекува да се конкурира со Toyota bZ4x, Nissan Ariya и секако VW ID4. Fod најавува 500 километри автономија со едно полнење.
Инаку, американскиот гигант Ford полека ја менува својата гама во Европа, напуштајќи ги непрофитабилните сегменти како што се малите и компактни сегменти. Fiesta ќе биде дисконтинуирана следната година, додека компактот Focus ќе се призведува во фабриката во Сарлоа до 2025 година.
Исто така, Ford ќе ги дисконтинуира и моделите S-Max и Ford Galaxy кои се произведуваат во Валенсија. Нивното производство ќе трае сѐ до април следната година. Во линија на стратегијата на Ford, веќе прекина производството на моделот Mondeo.
Американскиот производител го комуницира новиот слоган “Авантуристички дух” во обид да ја нагласи својата историја која ја има во САД.
“Авантуристичкиот дух” ќе ни помогне во нашата трансформација во Европа, со тоа што ќе ни помогне емотивно да се поврземе со нашите клиенти кои знаат дека сме Американци, но во моментов не нѐ чувствуваат како Американци”, изјави Петер Зилинг, директорот за маркетинг на европската дивизија на Ford.