Новиот закон беше усвоен со 81 глас „за“ и 21 глас „против“. Откако во 2006 година беше воведено поврзувањето на возраста за пензионирање со очекуваниот животен век (просечно 82 години), Данска ја прилагодува границата за пензионирање на секои пет години.
Моментално е 67 години, а се предвидува дека ќе порасне на 68 години во 2030 година и на 69 години во 2035 година. Новата старосна граница од 70 години ќе важи за сите родени по 31 декември 1970 година.
Многу работници во Данска ја сметаат оваа промена за неправедна, особено оние кои извршуваат физички напорни работни задачи.
– Работиме и работиме, но не можеме само вака да продолжиме. Можеби е различно за оние што работат канцелариска работа, но за физичките работници ова е многу тешко. Цел живот плаќам даноци. Треба да се остави и малку време за децата и внуците вели Томас Јенсен за данските медиуми, пренесува Србија данас.