99
Поради уличен дефект на цевка со пречник од 400 милиметри на улицата „1670“ во Ново Село, утре од 9:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата „Лука Геров“, како и населените места Ново Село, Стопански Двор, Кисела Јабука, Волково, Орман и Никиштани.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато се до санирање на дефектот.