Центар за слобода, една од најактивните граѓански организации во земјата, позната по своето дејствување во низа критични области во земјата, регионот и светот, како што се борбата против дезинформациите и пропагандата, безбедноста, демократијата и изборите, упати новогодишна честитка.
„Како што изминува една од најтешките години во изминатите децении, НИЕ сме пред уште една година на борба за ДЕМОКРАТИЈА, за СЛОБОДА, за МИР, за ПРАВДА… НИЕ ЌЕ БИДЕМЕ ДЕЛ ОД ТАА БОРБА! СЛОБОДНИОТ СВЕТ ЌЕ НАДВЛАДЕЕ! Среќни празници од ЦИВИЛ” – се вели во новогодишната порака на ЦИВИЛ придружена со фотографија од запалено чкорче кибрит.
ЦИВИЛ е познат по своите иновативни методологии, мобилноста и дејствувањето на терен. Во тој дух се и пораките од оваа организација – поинакви, директни и повикувачки.