Новоизбраниот градоначалник на Делчево Иван Гоцевски и членовите на Советот ги добија уверенијата

Со денешното врачување на уверенијата почнува подготовката за конститутивната седница на Советот.

од Бисера Трајковска
35 прегледи

Новоизбраниот градоначалник на Општина Делчево Иван Гоцевски и членовите на новиот Совет на Општината денеска ги добија уверенијата од страна на заменик претседателката на Општинската изборна комисија, Тања Стојковска.

Стојковска им посака успешна и одговорна работа во интерес на граѓаните на Делчево.

Новиот состав на Советот на Општина Делчево, го сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ со освоени десет советнички мандати, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со освоени три и Левица и Движењето ЗНАМ – За наша Македонија со по еден советнички мандат.

Со денешното врачување на уверенијата почнува подготовката за конститутивната седница на Советот.

Потоа, ќе следува и официјалното стапување на функција на новиот градоначалник Иван Гоцевски.