Њукасл ја потврди кризата во Манчестер јунајтед

од desk3
306 прегледи

Фото: futaa.com

Најслабиот старт на Манчестер јунајтед во Премиер лигата се претвори во вистинска криза, откако „црвените ѓаволи“ го загубија натпреварот од осмото коло против Њукасл со 0:1.

Посетата на „Сент Џејмс парк“ го остави Јунајтед во втората половина на табелата. Тимот на Оле Гунар Солскјер има само девет бода, губи по третпат во сезоната и веќе трет меч во низа не знае за победа.

Лошата игра исто така ги згуснува облаците околу менаџерот Солскјер. Единствениот гол за „страчките“ го постигна 19-годишниот Метју Лонгстаф. Играчот од средниот ред на академијата на Њукасл се запиша во листата на стрелци во 72. минута со прекрасен удар од дваесетина метри.

Собраните три бода ги искачија „црно-белите“ на 16-тото место со осум бода. Тимот ја прекина серијата од четири натпревари без победа и го забележа едвај вториот успех од почетокот на сезоната.

Слични содржини