Во текот на претходната година во Русија се полоша станува ситуацијата, што е последица на трката за блокада на сајтовите во рускиот регион, покажале резултатите од истражувањата на меѓународната невладина организација Агора.

runet_620x0

Во извештајот – Слобода на интернетот во 2015-та година е прогласена победа на цензурата, со нагласено ограничување на слободата на интернетот во Русија и е наведено дека минатата година девет пати пораснал бројот на блокади на сајтовите во однос на 2014-та година.

Ако во 2014-та година во Ру.нет биле блокирани 1 019 сајтови, во 2015-та имало 9 022 блокирани сајтови. Во исто време, тој број во последните пет години е зголемен за 30 пати, се наведува во истражувањето.

Како најнеслободни региони се издвоени Москва, Снкт Петербург, Татарстан, Уљановска област и Чеченија.

Во извештајот е наведено дека во 2015-та година за прв пат интернет корисници добиле затворски казни поради објавите на интернет. Осудени се осум лица, а покренати 203 кривични пријави поради публикација на социјалните мрежи. Освен тоа, за три пати е пораснат бројот на административни прекршоци и изречени се над 5000.

Агенцијата укажува дека имало многу случаи на насилство кон блогерите, минатата година вкупно 28, а 2014 имаше такви 27.

 

Слични содржини