Објавени најчестите лозинки, доколку ја користите сте лесна мета за провала

од Milan1
102 прегледи

Алатката за управување со лозинки, „NordPass“ повторно ја објави својата годишна листа на најпопуларни лозинки во светот, а недостатокот на креативност во овој случај претставува и опасност по безбедноста на вашите податоци.

Втора година по ред, „123456“ е крунисана за најчеста лозинка.

Истите бројки се најдоа на врвот на табелата пет од шест пати кога NordPass ги состави своите списоци, а само еднаш паднаа од врвот од лозинката „password“ во 2022 година.

За да ја креира својата листа, од „NordPass“ велат дека користеле база на податоци од „јавно достапни извори“. На многу од овие лозинки им требаат милисекунди за да бидат откриени од хакерите, па ако вашата лозинка е на оваа листа, веројатно треба да ја промените на нешто малку покреативно од „password“.

Еве ги 10те најчести лозинки:

123456
123456789
12345678
password
qwerty123
qwerty1
111111
12345
secret
123123

Слични содржини