Обвинителот апелира до медиумите да се воздржат од детален опис на убиството на Вања

од Milan1
841 прегледи

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски  во емисијата „360 степени“ на МРТ 1, апелира до новинарите и медиумите да не даваат опис на дејствијата за тоа како се извршени кривичните дела во случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

„Замолницата е да сите медиуми, имајќи предвид дека настанот е актуелен, да не даваат опис на дејствијата за тоа како е извршено кривичното дело, имајќи предвид дека начинот на извршување може да предизвика кај граѓаните бес, може да предизвика гнев, страв со оглед на тоа што жртвата е малолетно дете, а се работи за убиство на свиреп начин, што значи дека жртвата претходно страдала. Апелот е имајќи предвид дека обвинителниот акт сè уште не е стапен на сила, откако ќе стапи на сила, сите медиуми, известувачи да се воздржат од коментирање на дејствијата, имајќи предвид дека се со вознемирувачка содржина“, вели Коцевски во интервјуто.

Обвинителот Коцевски соопшти дека Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, се уште не бил на распит бидејќи во моментот се вештачат предметите што ги донел со себе од Турција, а за кои проценката на предметниот јавен обвинител е дека може да бидат корисни за истрагата.

Слични содржини