Обвинителството го заврши увидот на тешката сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Кочани

од Radmila Tasevska

Јавен обвинител од ОЈО Кочани изврши увид на местото на настанот, издадени се повеќе наредби за утврдување на причините за сообрачајната несреќа, која се случи на експресниот пат Штип-Кочани, а во која две лица го загубија животот на лице место, информираа од обвинителството.

-На увидот присуствуваше и вешто лице од областа на сообраќајот, а според првичните сознанија до несреќата дошло при претекнување. Издадена е наредба за прибирање траги од лице место, за обдукција на телата на починатите, наредба за испитување на примероци од крв и урина од учесниците во несреќата, а ќе биде наредено и сообраќајно-техничко вештачење, се вели во соопштението од обвинителството.

МИА претходно информираше дека според директорката на Општата болница-Кочани,   Душанка Горгиева Трпевски во првичниот момент кај нив се пренесни седум повредени во оваа сообраќајна несреќа. Но, поради сериозноста на повредите дел од пациентите се препратени во болниците во Штип и Скопје.

Надлежните од штипската Клиничка болница попладнево за МИА информираат дека кај нив се пристигнати пет пациенти од кочанската болница, од кои тројца се останати на иследување во болницата, а двајца повредени поради сериозноста на повредите се транспортирани на Клиниките во Скопје. Според информациите од портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова  несреќата е пријавена во 12 часот и 42 минути, а се случила меѓу возила голф со кочански, ситроен со винички и сеат ибица со скопски регистерски таблички

Слични содржини