322
Основното обвинителство во Митровица ќе поднесе барање за притвор за Марко Кнежевиќ кого косовската полиција го уапси вчера. Полицијата при упадот во неговата куќа пронашла материјали поврзани со случајот.
„За лицето со иницијали М.К., во текот на денот ќе биде поднесено барање за определување притвор за сторени кривични дела „Кражба на идентитет и акредитиви“ и „Фалсификување исправа“, соопшти Основното обвинителство во Митровица.
Кнежевиќ неколку години бил ангажиран во мрежата „Мост“ на функцијата новинар, односно член на Надзорниот совет на оваа мрежа. Тој беше близок до поранешниот шеф на Тајната служба на Србија, Александар Вулин и функционер во неговата партија, Социјалистичкото движење.