Од 2010 до 2023 година, во САД имало 134.663 случаи на труење со никотин кај деца под шест години

од Milan1
7 прегледи

Бројот на деца кои биле отруени од никотински кесички и течност за електронски цигари драматично се зголемил во последниве години, според најновото истражување спроведено во Америка.

Според студија објавена во „Journal of the American Academy of Pediatrics“, од 2010 до 2023 година, имало 134.663 случаи на труење со никотин кај деца под шест години.

Речиси сите од овие случаи се случиле дома, објавува „NBC News“.

Никотинските кесички се особено одговорни за зголемувањето на бројот на случаи на труење кај децата, според истражувањето.

Научниците откриле дека стапката на труење од овие кесички кај деца под шест години се зголемила од 0,48 проценти на секои 100.000 деца на 4,14 проценти во 2023 година.

Тоа е зголемување од 763 проценти за само три години, вознемирувачко откритие поврзано со зголемувањето на продажбата на никотински фластери.

Најголемиот број случаи на труење со никотин кај деца, дури 76 проценти, се случиле кај бебиња и мали деца под две години. Иако симптомите на труење се релативно благи, во два случаи тие резултирале со смрт.

Две момчиња, на возраст од една и пол година, починале откако проголтале течен никотин што се користи во електронските цигари.

Експертите истакнуваат дека од клучно значење за спречување на вакви појави е сите производи што содржат никотин да се чуваат подалеку од дофат на деца и да се заклучуваат, пренесува „NBC News“.

Слични содржини