Од почетокот на 2025 година, Луфтханза ќе наплатува нова еколошка такса до 72 евра по билет

од Milan1
23 прегледи

Патниците мора да се подготват за повисоки цени на билетите доколку летаат со „Луфтханза“. Според најавата на германската авиокомпанија, групата сака да префрли дел од трошоците за дополнителните еколошки регулативи.

Како што објави во средата германската новинска агенција (dpa), „Луфтханза“ објави дека од следната година ќе наплатува нова еколошка такса за летовите.

Ова има за цел да пренесе дел од трошоците што произлегуваат, на пример, од регулативите на ЕУ за заштита на животната средина.

Висината на таксата ќе зависи од должината на летот и треба да биде помеѓу 1 и 72 евра за сите летови кои полетуваат од земјите на ЕУ, Обединетото Кралство, Норвешка и Швајцарија, се вели во соопштението на Луфтханза.

Единствен исклучок се билетите на платформата „eurowings.com“, каде што на клиентите им се прикажуваат само бруто цените.

Со новата еколошка такса, останува нејасно колкав дел од дополнителните регулаторни трошоци треба да сносат патниците.

Слични содржини