40
Од почетокот на годината, во Африка се регистрирани 18.737 потврдени или сомнителни случаи на инфекција со вирусот мпокс (т.н.мајмунски сипаници), од кои 1.200 се случиле во последните седум дена, објави здравствената агенција на Африканската унија (Африка ЦДЦ).
– Повеќе случаи се регистрирани од почетокот на 2024 година отколку во текот на целата 2023 година (14.838) – наведува агенцијата.
Во Африка се шири нов вид на вирус кој беше откриен во Демократска Република Конго во септември 2023 година, наречен „клад Иб“, кој е посмртоносен и попренослив од претходните.
Првите случаи на мпокс беа пријавени и надвор од Африка оваа недела, во Шведска и Пакистан.