Од полноќ нови цени на нафтените деривати

293 прегледи

Денес, Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која од полноќ, ќе ги зголеми цените на нафтените деривати.

Поточно, од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 0,50 денари по литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 02.11.2020. година.

Ценатс за дизелот останува непроменета, па така ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава за 49,50 денари по литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,365 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 02.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,196 ден/кг.

Слични содржини