Од тимот на Трамп одбегнуваат ветинг и проверки од ФБИ на некои од номинираните кандидати

од Milan1
11 прегледи

Tимот на избраниот претседател Доналд Трамп ги избегнува традиционалните безбедносни проверки и ветингот вршени од Федералното биро за истраги (ФБИ) за биографиите и минатото на некои од неговите кандидати во новата администрација, и користи приватни компании за проверка, што се коси со вообичаените норми и протоколи, јави денеска „Си-ен-ен“.

Трамп и неговите сојузници веруваат дека системот на ФБИ е бавен и проблематичен со што би можеле да се попречат плановите на избраниот претседател за брза имплементација на неговата програма, изјавија лица информирани за плановите. Според познавачите, подеталните и подлабоки проверки можат да откријат засрамувачки информации што потоа можат да се искористат за нанесување политичка штета, а тимот на Трамп тоа не го сака.

Овие дискусии доаѓаат во момент кога Трамп предложи неколку контроверзни кандидати за високи позиции во владата на САД – вклучувајќи го Мат Гец за генерален обвинител и Тулси Габард за директор на националната разузнавачка служба, иако и двајцата или имаат мали или воопшто немаат искуство во областите правда и резузнавање. Гец се очекува да се соочи со Комитетот за етика во Сенатот, каде треба да биде потврдена неговата кандидатура, по извештаите дека во минатото бил вмешан во сексуална трговија и експлоатација на жени.

Иако претседателлт на САД има дискрециско право да избира кандидати и да открива детали од нивната биографија, заобиколувањето на проверките од ФБИ и нивно вршење од страна на приватни компании би значело кршење на долго воспоставената норма во Вашингтон, велат познавачите.

Трамп со ова искажува и длабока недоверба кон традиционалните безбедносните институции, кои за него се „длабока држава“. Извори за „Си-ен-ен“ велат дека тој во приватни разговори ја довел во прашање потребата од проверки од страна на безбедносните органи.

 

Слични содржини