265
На поранешниот австриски премиер Себастијан Курц, од надлежната Комисија на австрискиот Парламент му беше одземен пратеничкиот имунитет.
Сега единствено формално прашање е донесувањето на одлуката за укинување на пратеничкиот имунитет на поранешниот канцелар на собраниската седница в четврток.
Укинување на имунитетот побара Обвинителството за економски криминал и корупција, кое води истрага против Курц поради проневера и поткуп. Обвинителството од петок ќе може да ја продолжи истрагата.
По одлуката на собраниската комисија, Курц изрази задоволство, нагласувајќи дека сега може да работи на докажување дека тоа се погрешни обвинувања.