ОЕЦД: Менталното здравје мора да биде приоритет по пандемијата

од Vladimir Zorba

Менталните болести како што се анксиозноста и депресијата експлодираа во пандемијата на Ковид 19, а ефектите се чувствуваат на пазарот на трудот, покажа студијата на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Посебно се погодени младите и возрасните кои ги загубија своите работни места или приходи или стравуваа дека тоа може да се случи, соопшти ОЕЦД.

Нарушеното ментално здравје носи и огромни економски загуби, во просек над 4,2 отсто од бруто домашниот производ, се вели во извештајот на меѓународната организација објавен минатата недела.

Дури и пред пандемијата, луѓето со ментална болест имаа 20 проценти помали шанси да најдат работа, а нивните плати беа во просек за 17 проценти помали.

Во изминатите пет години нивната позиција на пазарот на труд всушност беше тешка, предупредува ОЕЦД.

Помошта за болните често е недоволна и доаѓа предоцна.

Менталното здравје мора да биде во фокусот на јавниот дискурс, заклучуваат авторите на истражувањето, велејќи дека мерките за превенција и опциите за лекување треба да се прошират.

Слични содржини