Официјален претставник на Европската агенција за лекови (ЕМА) Марко Кавалери го потврди постоењето на „врска“ помеѓу „AstraZeneca“ и случаите на тромбоза по приемот на вакцината за коронавирус.
– Сега можеме да го кажеме тоа, јасно е дека има врска со вакцината. Сепак, што ја предизвикува оваа реакција, сè уште не знам. Да резимираме, во следните неколку часа ќе кажеме дека има врска, но сепак треба да разбереме како доаѓа до тоа – изјави Кавалиери за италијанскиот весник „Месаџеро“
Тој објаснува дека тие се обидуваат да „добијат прецизна слика за тоа што се случува, за прецизно да го дефинираат тој синдром заради вакцината“.
– Меѓу вакцинираните лица има повеќе случаи на церебрална тромбоза кај младите отколку што би очекувале. Ќе мора да го кажеме тоа – додаде официјалниот претставник.
Сомневања за можни сериозни несакани ефекти се појавија во последните неколку недели, но тие беа ретки, откако се појавија случаи на атипична тромбоза кај лица вакцинирани со AstraZenecа.
ЕМА досега тврдеше дека „не е докажана врска со вакцината“ иако е „можна“ и дека придобивките од вакцинацијата против коронавирус ги надминуваат ризиците.
Неколку земји затоа ја запреа вакцинацијата со AstraZenecа, додека производителот на вакцината во март рече дека „нема докази за зголемен ризик“.