Огранок на Ал Каеда ја презеде одговорноста за убиството на повеќе од 100 војници во Буркина Фасо

од Илинка Илиоска
202 прегледи

Групата поврзана со Ал Каеда, Џамаат Нусрат ул-Ислам ве ал Муслимин – ЈНИМ ја презеде одговорноста за нападот на 11 јуни во кој загинаа повеќе од 100 војници во Буркина Фасо, соопшти денеска американската профитна консултантска група SITE.

Нападот се случил во областа Мансила во близина на границата со Нигер, според SITE, пренесе Ројтерс.

ЈНИМ е милитантна џихадистичка организација во регионот на Магреб, лоциран северно од Сахара и во Западна Африка.

Буркина Фасо е управувана од воена хунта од државниот удар во 2022 година, која по преземањето на власта вети дека ќе го запре насилството на бунтовниците.

Сепак, конфликтот продолжи да ескалира, а се проценува дека најмалку една третина од територијата на Буркина Фасо е под контрола на џихадистичките групи.

Слични содржини