Огромен кит мистериозно се насука на брегот на Њујорк

од Radmila Tasevska
186 прегледи

Од декември, 15 китови мистериозно се насукаа на источниот брег на САД, со неодамнешното насукање на грбав кит од 7,6 метри на брегот на американската држава Њујорк. Научниците сè уште не знаат која е причината за тоа. „Тоа е машки грбав кит. Ова е прв ваков случај на оваа област во последните пет години. Ова е најголемиот кит што се насукал на овие брегови во повеќе од една деценија“, рече Дон Клавим од градскиот совет на Хемпстед, а пренесува Би-би-си.

Експертите наведуваат дека засега не гледаат причина за вакви инциденти, а локални активисти и научници се обидуваат да ја откријат причината за проблемот.

Некои обвинуваат за насукувањето на китовите во поставувањето на ветерни електрани долж брегот, но локалните власти наведуваат дека нема докази за такво нешто, пренесува Index.hr.

A man walks past a dead male humpback whale that, according to town officials, washed ashore overnight on Long Island’s south facing shore in Lido Beach, New York, U.S., January 30, 2023. REUTERS/Mike Segar

„Засега не гледаме ништо што би можело да им наштети на китовите“, рече Синди Зиф, директорка на „Акција за чисти океани“.

Слични содржини