🎥 Огромна змија снимена кај Мостар

од Milan1
7,9K прегледи

Огромна змија, за која се верува дека е долга три метри, е снимена во шумата кај Мостар. Змијата ги збунила повеќето од оние кои го виделе видеото, а набрзо почнале и шпекулациите за каков вид станува збор.

Иван Цизељ, директор на ЗОО Загреб, за Јутарњи лист објасни за кој вид најверојатно станува збор.

„Навистина не сум 100% сигурен бидејќи снимката е направена од далечина и е неквалитетна, но ми се чини дека ова е повеќе бјелица отколку кравосас“, вели Чизељ.

Бјелица е неотровна змија која обично расте до 140 сантиметри, но има и примероци кои се уште поголеми. Ги населува нашите области, бреговите на Црното Море и Кавказот, како и на северот на Иран.

Овој тип на змии често може да се најде на дрвја и грмушки бидејќи може добро да се качува.

Слични содржини